Не знам што да мислам за ова.

Две години сонувам за Македонија. Истражував за неа, со страст го учев јазикот, дојдов жеден, со срце на дланка. А таа? Таа ме тестира – со чадот, со лебарките, со замките по тротоарите. Како да сака да ме одере од верувањето дека правото на удобност, ред и безбедност е природно и неизбежно. Дури и правото на две раце, секако.

Сакаше да ме остави само со едната – надуена, левата – како алатка за егзистенцијален минимум. Не се ни сети дека дури и од прстот што ѕирка од гипсот може блог да никне.

Ќе трае тоа само 3-4 недели. А рехабилитацијата? Можеби ќе биде прилика да запознаам некого.

Требаше да пишувам за нешто друго, покултурно – за моите литературни и драмско-филмски откритија: Стефановски, Маџиров, „Македонски приказни“. Уште само два дена во библиотека и ќе настанеше текст за нешто подлабоко.

Но враќајќи се со брз чекор од теретана, налетав на неа – жицата што трпеливо си виси во Кисела Вода најмалку десет години, што се гледа и на Google Maps – некогаш исто сива и невидлива над истото сиво тло како и денес. Се прашувам колку жртви има собрано.

Жица на смртта, Кисела Вода, Скопје, декември 2025

Последици? Надуен и болен зглоб, болка во коленото и – најважното – пукнат лакот.

Парадоксално, искуството во болница беше мошне добро. Брзо, љубезно и евтино. Искрено, никогаш не сум поминал толку мигновено низ „брза помош“ во Полска. Би сакал да верувам дека тоа е правило, а не среќа во несреќа.

Што научив? Најнапред – издржливост. И можеби уште малку љубопитност за оваа земја. Но пред сè дека удобноста знае да здосади, а основните пречки – ако не те убијат – знаат парадоксално да те оживеат.

Przewijanie do góry